Имајте ги предвид следниве причини.
Решенија
Погрижете се двигателот PC-FAX да биде инсталиран на компјутерот. Двигателот PC-FAX се инсталира со FAX Utility. Следете ги чекорите подолу за да проверите дали е инсталиран.
Уверете се дека печатачот (факсот) се прикажува во Уреди и печатачи, Печатач или Печатачи и друг хардвер. Печатачот (факсот) е прикажан како „EPSON XXXXX (FAX)“. Ако печатачот (факсот) не е прикажан, деинсталирајте ja и повторно инсталирајте ja FAX Utility. Погледнете го следново за да пристапите до Уреди и печатачи, Печатач или Печатачи и друг хардвер.
Windows 10
Кликнете го копчето Старт, па изберете Систем на Windows > Контролна табла > Преглед на уреди и печатачи во Хардвер и звук.
Windows 8.1/Windows 8
Изберете Работна површина > Поставки > Контролна табла > Преглед на уреди и печатачи во Хардвер и звук (или Хардвер).
Windows 7
Кликнете го копчето Старт, па изберете Контролна табла > Преглед на уреди и печатачи во Хардвер и звук или Хардвер.
Windows Vista
Кликнете го копчето Старт, па изберете Контролна табла > Печатачи во Хардвер и звук.
Windows XP
Кликнете го копчето Старт, па изберете Поставки > Контролна табла > Печатачи и друг хардвер > Печатачи и факсови.
Решенија
Поставете ги корисничкото име и лозинката во двигателот за печатачот. Кога се испраќа факс од компјутер и кога е поставена безбедносната функција што ги спречува корисниците да ја користат функцијата за факс на печатачот, тогаш автентикацијата на корисници се врши со корисничкото име и лозинката поставени во двигателот за печатачот.