> Скенирање > Скенирање оригинали во мемориски уред > Основни опции на мени за скенирање во мемориски уред

Основни опции на мени за скенирање во мемориски уред

Белешка:

Ставките може да не бидат достапни во зависност од другите поставки што сте ги одредиле.

Црно-бело/Боја

Изберете дали да скенирате во боја или црно-бело.

Формат на дат.:

Изберете го форматот во којшто сакате да ја зачувате скенираната слика.

Кога ќе изберете PDF, PDF/A или TIFF како формат на датотеката, изберете дали сите оригинали да се зачуваат како една датотека (со повеќе страници) или секој оригинал да се зачува одделно (една страница).

  • Коеф. на компресија:

    Изберете колку да се компримира скенираната слика.

  • PDF Поставки:

    Кога ќе изберете PDF како поставка за форматот за зачувување, користете ги овие поставки за да ги заштитите PDF-датотеките.

    За да создадете PDF-датотека за којашто е потребна лозинка при отворање, поставете Лозинка за отвора. документ. За да создадете PDF-датотека за којашто е потребна лозинка при печатење или уредување, поставете Лозинка за дозволи.

Резолуција:

Изберете резолуција за скенирање.

двострано:

Ги скенира двете страни од оригиналот.

  • Ориен. (Ориг.):

    Изберете ја ориентацијата на оригиналот.

  • Сврз.(Оригин.):

    Изберете ја насоката за подврзување на оригиналот.

Об. на ск.:

Изберете ја областа за скенирање. За да скенирате максимална површина од стаклото на скенерот, изберете Максимална област.

  • Ориен. (Ориг.):

    Изберете ја ориентацијата на оригиналот.

Вид на ор.:

Изберете го типот на оригиналот.