Увезете го добиениот CA-signed Certificate во печатачот.
Погрижете се да бидат точно поставени датумот и времето на печатачот. Сертификатот може да е неважечки.
Ако добивате сертификат користејќи CSR создадено од Web Config, може да го увезете сертификатот само еднаш.
Кога увезувате CA-signed Certificate со избирање на картичката Network Security > S/MIME > Client Certificate, не може да ја смените Sender's Email Address во картичката Network > Email Server > Basic. Ако сакате да ја смените Sender's Email Address, сменете ги сите поставки за потпишување во Do not add signature со избирање на картичката Network Security > S/MIME > Basic, а потоа избришете го увезениот CA-signed Certificate.
Одете на Web Config, а потоа изберете ја картичката Network Security.
Изберете една од следниве опции.
Кликнете Import.
Се отвора страница за увезување сертификат.
Внесете вредност за секоја ставка. Поставете CA Certificate 1 и CA Certificate 2 кога ја потврдувате патеката на сертификатот на веб-прелистувачот што пристапува до печатачот.
Во зависност од тоа каде создавате CSR и од форматот на датотеката на сертификатот, потребните поставки може да се разликуваат. Внесете вредности за потребните ставки според следново.
Кликнете OK.
Се прикажува порака за завршување.
Кликнете Confirm за потврдување на информациите на сертификатот.