
|
|
Го вклучува или исклучува печатачот. Откачете го кабелот за напојување кога е изгаснато светлото за напојување. |
|
|
Го прикажува почетниот екран. |
|
|
Се одјавува од печатачот кога е овозможена Контрола на пристап. Кога е оневозможена Контрола на пристап, ова е исто така оневозможено. |
|
|
Го прикажува екранот Помош. Тука може да ги видите решенијата за проблеми. |
|
|
Се паузира тековната задача и ви овозможува да прекинете друга задача. Притиснете го копчево уште еднаш за да рестартирате паузирана задача. |
|
|
Ги ресетира тековните поставки на стандардните поставки на корисникот. Ако не се одредени стандардни поставки на корисникот, ресетира на стандардните фабрички поставки. |
|
|
Го прикажува списокот Контакти. Може да ги регистрирате, да ги уредувате или да ги бришете контактите. |
|
|
Ги брише поставките за броеви, како што е бројот на копии. |
|
|
Внесува броеви, знаци и симболи. |
|
|
Го прикажува менито Job/Status. Може да ги проверите статусот на печатачот и историјата на задачи. Трепка ламбичката за грешка на левата страна или се пали кога ќе се појави грешка. Трепка ламбичката за податоци на десната страна кога печатачот обработува податоци. Се пали кога има задачи на чекање. |
|
|
Го прикажува екранот Поставка на хартија. Може да изберете поставки за големината и типот на хартијата за секој извор на хартија. |
|
|
Ја сопира тековната операција. |
|
|
Прикажува менија и пораки. Може да го менувате аголот на контролната табла. Кога не извршува задачи одреден временски период, печатачот влегува во режим на мирување и екранот се исклучува. Допрете каде било на екранот на допир за да го вклучите екранот. Во зависност од тековните поставки, притискањето на копчињата на контролната табла го буди печатачот од режим на мирување. |
|
|
Ве враќа на претходниот екран. |
|
|
Се вклучува кога примените документи, коишто сè уште не се прочитани, отпечатени или зачувани, се складираат во меморијата на печатачот. |