Проверка на задачите за факс во тек

Може да го отворите екранот за проверка на задачите за факс за коишто обработката е незавршена. На екранот за проверка се прикажуваат следниве задачи. Од овој екран, може и да печатите документи што сè уште не се отпечатиле или може повторно да испраќате документи што не успеале да се испратат.

  • Задачи за примени факсови подолу

    • Сè уште не се отпечатени (кога задачите се поставени за печатење)

    • Сè уште не се зачувани (кога задачите се поставени за зачувување)

    • Сè уште не се препратени (кога задачите се поставени за препраќање)

  • Задачи за појдовни факсови што не успеале да се испратат (ако сте овозможиле Зачувај Неусп. податоци)

Следете ги чекорите подолу за да се прикаже екранот за проверка.

  1. Допрете Job/Status на почетниот екран.

  2. Допрете ја картичката Статус на работа и допрете на Активен.

  3. Изберете ја задачата којашто сакате да ја проверите.