На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени.
На екранот Web Config, може да го најдете долунаведеното мени.
Картичка Fax > Basic Settings
Ако се прикаже екран за внесување лозинка, внесете ја лозинката.
Изберете ја брзината за пренос на факс. Препорачуваме да изберете Бавно (9,600bps) ако често настанува грешка при комуникацијата, кога испраќате/примате факс во/од странство или кога користите телефонска (говорна) услуга преку интернет-протокол [IP (VoIP)].
Автоматски поправа грешки при пренос на факс (Режим на поправање грешки), најчесто предизвикани од шумот на телефонската линија. Ако оваа функција е оневозможена, не може да испраќате или примате документи во боја.
Открива тонско бирање пред да се започне со бирање. Ако печатачот е поврзан со PBX (приватна телефонска централа) или дигитална телефонска линија, печатачот не ќе може да започне со бирање. Во оваа ситуација, променете ја поставката за Тип линија на PBX. Ако ова не функционира, оневозможете ја оваа функција. Меѓутоа, оневозможувањето на оваа функција може да предизвика испуштање на првата цифра при бирањето на бројот за факс и да го испрати факсот на погрешен број.
Изберете го типот на телефонскиот систем на кој сте го поврзале печатачот. Кога е поставен на Пулсно, привремено може да го промените начинот на бирање од пулсно на тонско со притискање на
(се внесува „T“) додека ги внесувате броевите на горниот екран на факсот. Оваа поставка може да не се прикажува во зависност од вашиот регион или земја.
Го избира видот на линија на која сте го поврзале печатачот.
Кога го користите печатачот во околина што користи локали и бара код за надворешен пристап, како на пример 0 и 9, за да добиете надворешна линија, изберете PBX. За околина што користи DSL-модем или адаптер со терминали, се препорачува и поставување на PBX.
Изберете Упот., а потоа регистрирајте код за надворешен пристап, на пр. 0 или 9. Потоа, кога испраќате факс до надворешен број на факс, внесете # (тараба) наместо актуелниот код. # (тараба) мора да се користи и во Контакти како код за надворешен пристап. Ако код за надворешен пристап (на пр. 0 или 9) е поставен за одреден контакт, не може да испраќате факсови до контактот. Во овој случај, поставете Код за пристап на Не употр., инаку ќе мора да го смените кодот во Контакти на #.
Внесете ги вашето име на испраќач и вашиот број на факс. Тие се појавуваат како заглавје во појдовните факсови.
Ваш телефонски број: Може да внесете до 20 знаци користејќи 0–9 + или празно место. За Web Config, може да внесете до 30 знаци.
Заглавие на факс: По потреба, може да регистрирате до 21 име на испраќач. Може да внесете до 40 знаци за името на секој испраќач. За Web Config, внесете го заглавјето во Уникод (UTF-8).
Доколку сте се претплатиле за услуга со повеќе линии со различни звуци на ѕвонење во вашата телефонска компанија, изберете го моделот на ѕвонење што ќе се користи за дојдовни факсови. Услугата за различни звуци на повеќе телефонски линии, којашто ја нудат многу телефонски компании (името на услугата се разликува според компанијата), ви овозможува да имате неколку телефонски броеви на една телефонска линија. Секој број си има сопствен назначен звук на ѕвонење. Може да користите еден број за гласовни повици, а друг број за факсови. Во зависност од регионот, оваа опција може да биде Вкл. или Иск..
Кога одговарате на дојдовен повик за факс на телефон поврзан со печатач, можете да започнете со примање на факсот ако го внесете кодот што го користи телефонот.
Поставете го стартниот код на Далечинско примање. Внесете два знака користејќи 0–9, *, #.
Изберете ги опциите за одбивање прием на непотребни факсови.
Листа со одбиени броеви: Ако телефонскиот број на другата страна е на списокот за одбивање броеви, поставете дали да се одбиваат дојдовните факсови.
Блокирано празно заглавје на факс: Ако телефонскиот број на другата страна е блокиран, поставете дали да се одбива приемот на факсовите.
Нерегистрирани контакти: Ако телефонскиот број на другата страна не е во контактите, поставете дали да се одбива приемот на факсовите.
Може да регистрирате до 30 броеви на факс за коишто ќе се одбива прием на факсови и повици. Внесете до 20 знаци користејќи 0–9, *, # или празно место.
Изберете ја максималната големина на хартија за факсови што може да ја прими печатачот.