FAX Utility е апликација што ви овозможува да конфигурирате различни поставки за испраќање факсови од компјутер. Може да создадете или да изменувате список со контакти што ќе се користи при испраќање факс, да конфигурирате да се зачувуваат примените факсови во PDF-формат на компјутерот итн. За повеќе информации, погледнете во помошта на апликацијата.
Оперативните системи Windows Server не се поддржани.
Пред да ја инсталирате FAX Utility, погрижете се да биде инсталиран двигателот за овој печатач; тука не спаѓаат двигателот за печатач PostScript и универзалниот двигател за печатач Epson.
Погрижете се да биде инсталирана FAX Utility. Видете „Стартување во Windows“ или „Стартување во Mac OS“ подолу за да проверите дали апликацијата е инсталирана.
Windows 10
Кликнете го копчето Старт, па изберете Epson Software > FAX Utility.
Windows 8.1/Windows 8
Внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа изберете ја прикажаната икона.
Windows 7/Windows Vista/Windows XP
Кликнете го копчето Старт, па изберете Сите програми (или Програми) > Epson Software > FAX Utility.
Изберете Системски претпочитани вредности од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс), а потоа изберете го печатачот (ФАКСОТ). Кликнете Опции и производи > Услужна програма > Отвори ја услужната програма за печатачот.