Сандаче и доверливите сандачиња се во Кутија за факс > Вл. сандаче/ Доверливо.
Може да зачувате вкупно 200 документи во приемното сандаче и во доверливото сандаче.
Може да користите едно приемно сандаче и да регистрирате до 10 доверливи сандачиња. Името на сандачето е прикажано на самото сандаче. Доверливо XX е стандардното име за секое доверливо сандаче.
Го прикажува списокот со примени факсови според датумот на примање, името на испраќачот и страниците.
Со допир на еден од факсовите во списокот се отвора екранот за преглед и може да ја проверите содржината на факсот. Може да го отпечатите или да го избришете факсот додека прегледувате.
: намалува или зголемува.
: ја ротира сликата надесно за 90 степени.
: го поместува приказот во насока на стрелките.
: преминува на претходната или следната страница.
За да ги скриете иконите за функции, допрете каде било на екранот за преглед, освен на иконите. Повторно допрете за да се прикажат иконите.
(Мени на сандаче)
Ова се прикажува само кога во сандачето има зачувани факсови. Ги отпечатува сите факсови во сандачето. Ако изберете Вкл. во Избриши кога е завршено сите факсови ќе се избришат кога печатењето ќе заврши.
Ова се прикажува само кога во сандачето има зачувани факсови. Ги зачувува сите факсови на надворешните мемориски уреди во сандачето. Ако изберете Вкл. во Избриши кога е завршено сите документи ќе се избришат кога зачувувањето ќе заврши.
Ова се прикажува кога во сандачето има факс-документи што веќе биле прочитани. Ги брише сите прочитани факсови во сандачето.
Ова се прикажува кога во сандачето има непрочитани факс-документи. Ги брише сите непрочитани факсови во сандачето.
Ова се прикажува само кога во сандачето има зачувани факс-документи. Ги брише сите факсови во сандачето.
Следниве поставки се прикажуваат кога ќе изберете Сандаче > Мени на сандаче > Поставки.
Опции кога мемо. е полна: Изберете една опција за да печатите или да одбивате дојдовни факсови откако приемното сандаче ќе се наполни.
Поставки за лозинка на Сандаче: Може да поставите лозинка или да ја промените.
Автоматско бришење на примени факсови: Ако изберете Вкл., примените факс-документи во сандачето автоматски се бришат по одреден временски период. Кога е избрано Следи ги поставките за факс, се користат следниве поставки.
Поставки > Општи поставки > Поставки на факс > Поставки за прием > Поставки Зачув./Препрати > Општи поставки > Поставки за бришење на документ во сандаче
Следниве ставки се прикажуваат кога ќе изберете доверливо сандаче и Мени на сандаче > Поставки.
Име: внесете име за доверливото сандаче.
Лоз. за отв. сандаче: Може да поставите лозинка или да ја промените.
Автоматско бришење на примени факсови: Ако изберете Вкл., примените факс-документи во сандачето автоматски се бришат по одреден временски период.