Инсталирање етернет-плоча

Внимание:

Задолжително исклучете ги уредот, кабелот за напојување и сите жици. Ако кабелот е оштетен, може да предизвика струен удар или пожар.

Важно:

Празнењето на електростатички електрицитет може да ги оштети деловите на печатачот. Пред да ја инсталирате етернет-плочата, задолжително допрете проводник за заземјување за да го испразните статичкиот електрицитет од телото.

  1. Исклучете го печатачот со притискање на копчето .

  2. Извадете ги сите кабли како што се кабелот за напојување и USB-кабелот.

  3. Одвртете ги двете завртки и извадете го капакот.

  4. Инсталирајте ја етернет-плочата право во дополнителното лежиште за етернет-плочата.

    Добро вметнете ја етернет-плочата во лежиштето.

    Важно:

    Не вадете го капакот на етернет-плочата.

    Не допирајте ги терминалите на етернет-плочата.

  5. Прицврстете ја етернет-плочата со двете завртки.

  6. Приклучете ги извадениот кабел за напојување и USB-кабелот.

  7. Притиснете го копчето , изберете Job/Status > Опции, а потоа проверете дали етернет-плочата е правилно инсталирана.

  8. За да го ажурирате фирмверот, изберете Поставки > Општи поставки > Администрир. на систем > Ажурирање на фирмвер > Ажурирај.