За да добиете сертификат потпишан од CA (Издавач на сертификати), создајте CSR (Барање за потпишување сертификат) и испратете го до CA. Може да создадете CSR користејќи Web Config и компјутер.
Следете ги чекорите за создавање CSR и добивање сертификат потпишан од CA користејќи Web Config. Кога создавате CSR користејќи Web Config, сертификатот е во формат PEM/DER.
Одете на Web Config, а потоа изберете ја картичката Network Security.
Изберете една од следниве опции.
Што и да изберете, може да го добиете истиот сертификат и да го користите како заеднички.
Кликнете Generate во CSR.
Се отвора страницата за создавање CSR.
Внесете вредност за секоја ставка.
Достапните должини и кратенки за клучот се разликуваат според издавачот на сертификати. Создајте барање според правилата на конкретниот издавач на сертификати.
Кликнете OK.
Се прикажува порака за завршување.
Изберете ја картичката Network Security.
Изберете една од следниве опции.
За да преземете CSR на компјутерот, кликнете на едно од копчињата за преземање на CSR според форматот одреден од конкретниот издавач на сертификати.
Не создавајте CSR повторно. Ако го сторите тоа, можеби нема да може да увезете издаден CA-signed Certificate.
Испратете го CSR до издавач на сертификати и добијте CA-signed Certificate.
Придржувајте се до правилата на конкретниот издавач на сертификати за начинот на испраќање и форматот.
Зачувајте го издадениот CA-signed Certificate на компјутер поврзан со печатачот.
Приемот на CA-signed Certificate е извршен кога ќе го зачувате сертификатот во дестинацијата.