> Ставање оригинали > Оригинали што не се поддржани од ADF

Оригинали што не се поддржани од ADF

Важно:

Не ставајте фотографии или вредни оригинални уметнички дела во ADF. Ако го ставите оригиналот неправилно, може да се стутка или да се оштети. Скенирајте ги овие документи на стаклото на скенерот.

За да спречите заглавување хартија, избегнувајте ставање на следниве оригинали во ADF. Користете го стаклото на скенерот за следниве типови оригинали.

  • Оригинали што се скинати, превиткани, стуткани, оштетени или свиткани

  • Оригинали со дупки за подврзување

  • Оригинали со селотејп, хефталки, спојници и сл.

  • Оригинали со залепени налепници или етикети

  • Оригинали што се исечени невообичаено или не се под прав агол

  • Оригинали што се подврзани

  • Паус хартија, хартија за топлински пренос или копии преку индиго