Испраќање многу страници од документ во црно-бело (Директно испраќање)

Кога испраќате факс во црно-бело, скенираниот документ привремено се зачувува во меморијата на печатачот. Поради тоа, испраќањето многу страници може да предизвика целосно полнење на меморијата и запирање на испраќањето факс. Може да го одбегнете ова со вклучување на опцијата Директно испраќање, меѓутоа тоа одзема повеќе време бидејќи печатачот истовремено врши скенирање и испраќање. Можете да ја користите оваа опција кога има само еден примач.

Пристап до менито

На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени.

Факс > Поставки на факс Директно испраќање.