Двигателот за печатач PCL му овозможува на печатачот да прима и да толкува инструкции за печатење на јазикот за опис на страницата испратени од компјутерот и правилно да печати. Ова е погодно за печатење од општи апликации како што е Microsoft Office.
Mac OS не е поддржан.
Поврзете го печатачот на истата мрежа на којашто е поврзан компјутерот и следете ја процедурата подолу за да го инсталирате двигателот за печатачот.
Преземете ја извршната датотека за двигателот од интернет страницата за поддршка на Epson.
http://www.epson.eu/Support (само за Европа)
Кликнете два пати на извршната датотека.
Следете ги упатствата на екранот за понатамошната инсталацијата.
Ако користите компјутер со Windows и не може да го преземете двигателот од веб-страницата, инсталирајте го од дискот со софтвер испорачан со печатачот. Пристапете до „Driver\PCL Universal“.