Ако забележите непорамнети вертикални линии, заматени слики или хоризонтални пруги, приспособете го квалитетот на печатење. Ако сакате да го приспособите квалитетот на печатењето за поединечен вид хартија, прво одредете ја оваа поставка. Вредноста на поставката за секој вид хартија се ресетира ако ја одредите оваа поставка по приспособувањето според видот на хартијата.
Изберете Поставки на почетниот екран.
Изберете Одржување > Прилагодување на Квалитет на печатење.
Следете ги инструкциите на екранот за да го проверите печатачот и да го подобрите квалитетот на печатење.
Ако се прикаже порака во којашто се препорачува да ја исчистите главата за печатење, исчистете ја главата за печатење.
Следете ги инструкциите на екранот за да ги отпечатите шаблоните за порамнување на главата за печатење и порамнете ја главата за печатење.

