Прочитајте ги листовите со упатства испорачани со хартијата.
За да достигнете висококвалитетни исписи со оригинална хартија на Epson, користете хартија во околината наведена на листовите испорачани со хартијата.
Пролистајте ја и порамнете ги рабовите на хартијата пред да ја ставите. Не пролистувајте и не виткајте фотографска хартија. Така може да се оштети страната за печатење.

Ако хартијата е извиткана, исправете ја или свиткајте ја малку во спротивната насока пред да ја ставите. Печатењето на извиткана хартија може да предизвика заглавување на хартијата и замачкување на исписот.

При рачното двострано печатење често може да се јават проблеми со внесувањето на хартијата кога се печати на една страна од претходно отпечатената хартија. Ако хартијата и понатаму се заглавува, намалете го бројот на листови на половина или помалку, или внесувајте ги листовите хартија еден по еден.
Не користете хартија со кратка гранулација со ширина помала од 105 mm.
Уверете се дека користите хартија со долга гранулација. Доколку не сте сигурни каков вид хартија користите, проверете на амбалажата од хартијата или контактирајте со производителот за да ги потврдите спецификациите на хартијата.
Пролистајте ги и порамнете ги рабовите на пликовите пред да ги ставите. Кога купчињата пликови се надуени, притиснете ги да се сплескаат пред да ги ставите.
