Поставки за TIFF

Може да одредите поставки за печатење за датотеки во TIFF-формат во вашите мемориски уреди.

(Редослед на прикажување):

Го менува редоследот на датотеките.

Осн поставки:
  • П. за х.

    Одредете ги поставките за извор на хартија на којашто сакате да печатите.

  • Реж. на боја

    Изберете ја поставката за боја во зависност од тоа дали обично печатите во Црно-бело или Боја.

Напредно:
  • Распоред

    Изберете како да ја поставите Multi-TIFF-датотеката. 1 нагоре е за печатење една страница на еден лист. 20 нагоре е за печатење 20 страници на еден лист. Индекс е за печатење индекс со информации.

  • Совпадни во рамка

    Изберете Вклучено за да ја исечете фотографијата за автоматски да одговара на избраниот изглед за фотографија. Ако соодносот ширина/висина на податоците за сликата и на големината на хартијата се разликува, сликата автоматски се зголемува или намалува така што кратките страни на сликата се совпаѓаат со кратките страни на хартијата. Долгата страна на сликата е исечена ако продолжува надвор од долгата страна на хартијата. Оваа функција може да не функционира за фотографиите во панорама.

  • Квалитет

    Изберете Најдобро за печатење со повисок квалитет, но брзината на печатење може да биде помала.

  • Наре. за печатење

    Изберете го редоследот за печатење датотеки во TIFF-формат на повеќе страници.

  • Датум

    Изберете го форматот на датумот на којшто сте ја направиле или сте ја зачувале фотографијата. Датумот не се печати за некои распореди.