Конфигурирање известување преку е-пошта (кога користите дополнителна мрежа)

Конфигурирајте го известувањето преку е-пошта користејќи Web Config од компјутер на стандардната мрежа.

  1. За пристап до Web Config, внесете ја во прелистувачот IP-адресата на печатачот за стандардната мрежа.

  2. Изберете ја картичката Device Management > Email Notification.

  3. Наведете го предметот на известувањето преку е-пошта.

    Изберете ги содржините за прикажување во предметот од двете паѓачки менија.

    • Избраните содржини се прикажуваат до Subject.
    • Истите содржини не може да се поставуваат одлево и оддесно.
    • Кога бројот на знаци во Location надминува 32 бајти, знаците што надминуваат 32 бајти се изземаат.
  4. Внесете ја адресата на е-пошта за испраќање на известувањето преку е-пошта.

    Користете A–Z a–z 0–9 ! # $ % & ' * + - . / = ? ^ _ { | } ~ @, и внесете од 1 до 255 знаци.

  5. Изберете Standard или Additional за мрежата што се користи за испраќање до примачите.

  6. Изберете го јазикот за известувањата преку е-пошта.

  7. Изберете го полето за избор на настанот за којшто сакате да добиете известување.

    Бројот на Notification Settings е поврзан со бројот на дестинации во Email Address Settings.

    Пример:

    Ако сакате да се испрати известување до адресата на е-пошта поставена за бројот 1 во Email Address Settings кога нема повеќе хартија во печатачот, изберете ја колоната 1 на полето за избор во редот Paper out.

  8. Кликнете OK.

    Потврдете дека сакате да се испрати известување преку е-пошта за одреден настан.

    Пример: печатење со одредување Извор на хартија каде што не е поставена хартија.