На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени.
На екранот Web Config, може да го најдете долунаведеното мени.
Картичка Fax > Report Settings
Ако се прикаже екран за внесување лозинка, внесете ја лозинката.
Печати извештај по проследувањето на примениот факс-документ. Изберете Печати за да се печати секогаш кога се препраќа документ.
Се печати извештај кога ќе настане грешка при создавање резервна копија при проследување на испратениот факс до Резервна дестинација. Може да ја поставите дестинацијата во Факс > Поставки на факс > Рез. копија. Имајте предвид дека функцијата за резервна копија е достапна кога:
Испраќате факс во црно-бело
Испраќате факс користејќи ја функцијата Испрати факс подоцна
Испраќате факс користејќи ја функцијата Групно праќање
Испраќате факс користејќи ја функцијата Склад. факс
Автоматски ја печати евиденцијата за факсови. Изберете Вклучено(На секои 100) за да се отпечати евиденција секогаш кога ќе се завршат 100 задачи за факс. Изберете Вклучено (време) за да се отпечати евиденцијата во назначено време. Меѓутоа, ако бројот на задачи за факс надмине 100, евиденцијата ќе се отпечати пред одреденото време.
Отпечатува извештај за прием откако ќе примите факс.
Грешка при печатење отпечатува извештај само кога ќе се појави грешка.
Печати Извештај за трансимисија со слика од првата страница на испратениот документ. Изберете Вклучено (голема слика) за да се отпечати горниот дел од страницата без намалување. Изберете Вклучено (мала слика) за да се отпечати целата страница, намалувајќи ја за да се вклопи во извештајот.
Ако изберете Комбинирај испратено и примено, се печати мешавина од испратените и примените резултати во Дневник на факс.
Ако изберете Раздвои испратено и примено, испратените и примените резултати се печатат одделно во Дневник на факс.