Правење резервна копија од контактите со помош на Web Config

Податоците за контактите може да се изгубат поради дефект на печатачот. Ви препорачуваме да правите резервна копија од податоците секогаш кога ќе ги ажурирате. Epson не одговара за губење податоци, за правење резервни копии или враќање податоци и/или поставки дури и во гарантниот период.

Со Web Config може да направите резервна копија во компјутерот од податоците за контакти во печатачот.

  1. Одете на Web Config, а потоа изберете ја картичката Device Management > Export and Import Setting Value > Export.

  2. Изберете едно од полињата за избор на Contacts.

    На пример, ако изберете Contacts во категоријата Scan/Copy, ќе се избере истото поле за избор и во категоријата Fax.

  3. Внесете лозинка за да ја шифрирате извезената датотека.

    Лозинката ќе ви треба за да ја увезете датотеката. Оставете го ова празно ако не сакате да ја шифрирате датотеката.

  4. Кликнете Export.