Прочитајте ги следниве упатства пред да ја замените кутијата за одржување.
Не допирајте го зелениот чип странично на кутијата за одржување. Тоа може да влијае врз нормалното работење и печатење.
Не вадете ја фолијата на горниот дел на кутијата, бидејќи може да истече мастило.
Не навалувајте ја искористената кутија за одржување додека не се стави и запечати во пластичната ќеса; во спротивно може да протече мастило.
Чувајте ја кутијата за одржување настрана од директна сончева светлина.
Не заменувајте ја кутијата за одржување во текот на печатењето; во спротивно може да протече мастило.
Не користете ја повторно кутијата за одржување што била извадена и оставена подолг период. Мастилото во кутијата се стврднало и не може да се апсорбира повеќе мастило.