> Печатење > Печатење документи > Печатење од компјутер — Windows > Печатење со користење лесни поставки

Печатење со користење лесни поставки

Белешка:

Операциите може да се разликуваат зависно од апликацијата. За повеќе информации, погледнете во помошта на апликацијата.

  1. Ставете хартија во печатачот.

    Ставање хартија

  2. Отворете ја датотеката што сакате да ја печатите.

  3. Изберете Печатење или Поставување печатење од менито Датотека.

  4. Изберете го печатачот.

  5. Изберете Претпочитани вредности или Својства за да пристапите до прозорецот на двигателот за печатачот.

  6. Променете ги поставките ако е потребно.

    За повеќе детали, погледнете ги опциите во менито за двигателот за печатачот.

    Белешка:
    • Видете и во електронската помош за објаснување на ставките за поставување. Со кликнување на десното копче на ставката се прикажува Помош.

    • Кога ќе изберете Преглед за печатење, може да видите преглед на документот пред печатење.

    • Кога сакате да печатите само од една страна на хартијата, поставете Двострано печатење на Исклучено.

  7. Кликнете OK за да го затворите прозорецот на двигателот на печатачот.

  8. Кликнете Печати.

    Белешка:
    • Кога ќе изберете Преглед за печатење, се прикажува прозорец за преглед. За да ги промените поставките, кликнете на Откажи и повторете ја постапката од чекор 3.

    • Ако сакате да го откажете печатењето, на компјутерот кликнете со десното копче на печатачот во Уреди и печатачи, Печатач или во Печатачи и факсови. Кликнете на Погледни што се печати, кликнете со десното копче на задачата којашто сакате да ја откажете и потоа изберете Откажи. Меѓутоа, не може да откажете задача за печатење од компјутерот откако е веќе целосно испратена на печатачот. Во тој случај, откажете ја задачата за печатење преку контролната табла на печатачот.