Кога копираните или скенираните слики од ADF се замачкани или оригиналите не влегуваат во ADF правилно, исчистете го ADF.
Никогаш не употребувајте алкохол или разредувач за чистење на печатачот. Тие хемикалии може да го оштетат печатачот.
Отворете го ADF-капакот.

Користете мека, влажна крпа за да ги исчистите валјакот и внатрешноста на ADF.

Користењето на сува крпа може да доведе до оштетување на површината на валјакот.
Користете го ADF откако ќе го исушите валјакот.
Затворете го ADF-капакот.
Притискајте ја рачката додека да кликне.

Отворете го капакот за документи.

Земете ја крпата од држачот за крпа за чистење.

Користете ја крпата за чистење за да го исчистите делот прикажан на илустрацијата.

Ако стаклената површина е измачкана со маст или некој друг материјал што тешко се отстранува, земете малку средство за чистење стакло и мека крпа и отстранете ја нечистотијата. Избришете ја целата преостаната течност.
Не притискајте ја стаклената површина пресилно.
Внимавајте да не ја изгребете или оштетите површината на стаклото. Оштетена стаклена површина може да го намали квалитетот на скенирањето.
Вратете ја крпата во држачот за крпа за чистење.

Затворете го капакот за документи.