Поставки за испраќање

На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени.

Поставки > Општи поставки > Поставки на факс > Поставки за испраќање

Белешка:
  • На екранот Web Config, може да го најдете долунаведеното мени.

    Картичка Fax > Send Settings

  • Ако се прикаже екран за внесување лозинка, внесете ја лозинката.

Автоматска ротација:

Оригинал во формат A4 ставен во ADF или на стаклото на скенерот со долгиот раб кон лево ќе се испрати по факс како документ во A3 формат. Овозможете го ова за да се ротира скенираната слика и да се испрати во формат A4.

Брзо испраќање од меморија:

Функцијата за брзо испраќање од меморија започнува да го испраќа факсот кога печатачот ќе заврши со скенирањето на првата страница. Ако не ја овозможите оваа функција, печатачот започнува да испраќа откако ќе ги зачува сите скенирани слики во меморијата. Ако ја користите оваа функција, може да го намалите целокупното време за задачата бидејќи скенирањето и испраќањето се вршат паралелно.

Групно праќање:

Кога има повеќе факсови што чекаат да се испратат до истиот примач, ова ги групира заедно за да ги испрати одеднаш. Може да се испратат најмногу 5 документи одеднаш (до 200 страници вкупно). Ова помага да заштедите на трошокот за испраќање, намалувајќи го бројот на поврзувања.

Зачувај Неусп. податоци:

Документите што не успеале да се испратат ги зачувува во меморијата на печатачот. Може повторно да ги испратите документите преку Job/Status.

Постави Период на складирање:
Период на складирање

Поставете период на денови во кој печатачот ќе го чува документот што не се испратил.

Време на чекање за следниот Оригинал:

Поставете го времето на чекање за следниот оригинал. Печатачот започнува да го испраќа факсот откако тоа време ќе истече.

Време на прикажување преглед на факс:

Скенираниот документ може да го прегледате на одредено време пред да го испратите. Печатачот започнува да го испраќа факсот откако тоа време ќе истече.

Дозволи Рез. копија:

Ако изберете Дозволено, може да правите резервни копии од испратените факсови со Факс > Поставки на факс > Рез. копија.

PC to FAX Function:

Ставкава се прикажува само во екранот Web Config. Овозможува испраќање факсови користејќи компјутер-клиент.