Чистење на Стакло на скенерот

Кога копиите или скенираните слики се замачкани, исчистете го стакло на скенерот.

Внимание:

Внимавајте да не ви се заглават дланките или прстите кога го отворате или затворате капакот за документи. Во спротивно, може да се повредите.

Важно:

Никогаш не употребувајте алкохол или разредувач за чистење на печатачот. Тие хемикалии може да го оштетат печатачот.

  1. Отворете го капакот за документи.

  2. Земете ја крпата од држачот за крпа за чистење.

  3. Користете ја крпата за чистење за да ја исчистите површината на стакло на скенерот.

    Важно:
    • Ако стаклената површина е измачкана со маст или некој друг материјал што тешко се отстранува, земете малку средство за чистење стакло и мека крпа и отстранете ја нечистотијата. Избришете ја целата преостаната течност.

    • Не притискајте ја стаклената површина пресилно.

    • Внимавајте да не ја изгребете или оштетите површината на стаклото. Оштетена стаклена површина може да го намали квалитетот на скенирањето.

  4. Вратете ја крпата во држачот за крпа за чистење.

  5. Затворете го капакот за документи.