Безусловно Зачувај/Препрати:

На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени.

Поставки > Општи поставки > Поставки на факс > Поставки за прием > Поставки Зачув./Препрати > Безусловно Зачувај/Препрати

Белешка:

На екранот Web Config, може да го најдете долунаведеното мени.

Fax картичка > Save/Forward Settings > Unconditional Save/Forward

Може да поставите дестинации за зачувување и проследување во Сандаче, компјутер, надворешен мемориски уред, адреси на е-пошта, споделени папки и други уреди за факс. Овие функции може да ги користите истовремено. Ако ги оневозможите сите ставки во Безусловно Зачувај/Препрати, печатачот ќе биде поставен да ги печати примените факсови.

Зачувај во сандаче:

Ги зачувува примените факсови во Сандаче на печатачот. Може да се зачуваат до 200 документи. Имајте предвид дека зачувување 200 документи може да биде невозможно во зависност од условите на употреба, како што е големината на датотеките на зачуваните документи и истовременото користење на повеќе функции за зачувување факс.

Иако примените факсови не се отпечатуваат автоматски, може да ги прегледувате на екранот на печатачот и да ги печатите само оние што ви се потребни. Меѓутоа, ако изберете Да и печати во друга ставка, како што е Зачувај во компјутер во Безусловно Зачувај/Препрати, примените факсови се отпечатуваат автоматски.

Зачувај во компјутер:

Ги зачувува примените факсови како PDF или TIFF-датотеки на компјутер поврзан со печатачот. Ова може да го поставите само на Да користејќи ја FAX Utility (апликација). Не може да го овозможите ова од контролната табла на печатачот. Однапред инсталирајте ја FAX Utility на компјутерот. Откако ќе го поставите ова на Да, може да го промените во Да и печати од контролната табла на печатачот.

Зачувај на мемо. уред:

Ги зачувува примените факсови како PDF или TIFF-датотеки во надворешен мемориски уред поврзан со печатачот. Ако изберете Да и печати, примените факсови ќе се отпечатат и ќе се зачуваат во меморискиот уред.

Примените документи привремено се зачувуваат во меморијата на печатачот пред документите да се зачуваат во меморискиот уред поврзан со печатачот. Бидејќи грешката за полна меморија го оневозможува испраќањето и примањето на факсовите, чувајте го меморискиот уред поврзан со печатачот.

Препрати:

Ги проследува примените факсови до друг факс-уред или ги проследува како PDF или TIFF-датотеки до споделена папка на мрежа или до адреса на е-пошта. Проследените факсови се бришат од печатачот. Ако изберете Да и печати, примените факсови ќе се отпечатат и ќе се проследат. Прво додајте ги дестинациите за проследување во списокот со контакти. За да проследите до адреса на е-пошта, конфигурирајте ги поставките за серверот за е-пошта.

  • Дестинација: Може да изберете дестинации за проследување од списокот со контакти што сте го додале претходно.

    Ако сте избрале споделена папка на мрежа или адреса на е-пошта како дестинација за проследување, препорачуваме да проверите дали може да испратите скенирана слика до дестинацијата во режим на скенирање. Изберете Скенирај > Е-пошта или Скенирај > Мрежна папка/ФТП од почетниот екран, изберете ја дестинацијата, а потоа започнете со скенирање.

  • Опц. при неу. пре.: Може да изберете дали да го отпечатите неиспратениот факс или да го зачувате во Сандаче.

    Кога Сандаче е полно, примањето факсови е оневозможено. Треба да ги избришете документите од приемното сандаче откако ќе ги проверите. Бројот на документи што не успеале да се проследат е прикажан на на почетниот екран, покрај другите необработени задачи.

Извест. по е-пошта:

Испраќа известување преку е-пошта кога ќе заврши процесот што ќе го изберете подолу. Функциите наведени подолу може да ги користите истовремено.

Примач

Поставете ја дестинацијата на известувањето за завршување на процесот.

Извести за завршено примање

Испраќа известување кога ќе заврши приемот на факс.

Изв. за завр. печ.

Испраќа известување кога ќе заврши печатењето факс.

Извести за заврш. на зачувување на мемо. уред

Испраќа известување кога ќе заврши зачувувањето факс во мемориски уред.

Изв. за завр. пре.

Испраќа известување кога ќе заврши проследувањето факс.