Одненадеж печатачот не може да печати преку мрежна врска

Проблемот може да се јавува поради некоја од следниве причини.

Мрежната околина е променета.

Решенија

Кога ќе ја промените мрежната околина, на пр. безжичниот рутер или операторот, треба повторно да ги одредите мрежните поставки за печатачот.

Поврзете ги компјутерот или паметниот уред со истата SSID како и печатачот.

Нешто не е во ред со мрежните уреди за Wi-Fi врска.

Решенија

Исклучете ги уредите коишто сакате да ги поврзете на мрежата. Почекајте околу 10 секунди, а потоа вклучете ги уредите во следниов редослед: безжичен рутер, компјутер или паметен уред и потоа печатачот. Поместете ги печатачот и компјутерот или паметниот уред поблиску до безжичниот рутер за да ја олесните комуникацијата со радиобранови, а потоа обидете се повторно да ги одредите мрежните поставки.

Печатачот не е поврзан со мрежата.

Решенија

Изберете Поставки > Општи поставки > Поставки за мрежа > Проверка на конекција и отпечатете го извештајот за мрежна врска. Ако извештајот покаже дека мрежната врска е неуспешна, проверете го извештајот за мрежна врска и следете ги отпечатените решенија.

Има проблем со мрежните поставки на компјутерот.

Решенија

Обидете се да ја отворите која било веб-локација од вашиот компјутер за да се уверите дека мрежните поставки на компјутерот се точни. Ако не може да отворите веб-локација, има проблем со компјутерот.

Проверете ја мрежната врска на компјутерот. За повеќе детали, погледнете ја документацијата приложена со компјутерот.