Може да инсталирате најмногу 3 касетни единици за хартија.
Пред да започнете со инсталирањето, задолжително исклучете го печатачот и извадете ги кабелот за напојување и останатите кабли од печатачот. Во спротивно, кабелот за напојување може да се оштети и да предизвика пожар или струен удар.
Кога го кревате печатачот, ставете ги рацете на положбите прикажани подолу. Ако го кревате печатачот држејќи го на други места, печатачот може да падне или да ви ги фати прстите при поставувањето.

Ако користите подножје за печатачот, претходно поставете го под касетната единица за хартија.
Исклучете го печатачот со притискање на копчето
, а потоа извадете го кабелот за напојување.
Извадете ги сите приклучени кабли.
Ако се инсталирани и други касетни единици за хартија, деинсталирајте ги и нив.
Извадете ја излезната фиока.

Извадете ја касетната единица за хартија од кутијата и отстранете ги сите заштитни материјали.
Проверете ги приложените делови.

Ставете ја касетната единица за хартија каде што сакате да го поставите печатачот.
Извлечете ги фиоката за единицата со црно мастило и касетата за хартија.

Ако користите повеќе касетни единици за хартија, наредете ги сите касетни единици за хартија една врз друга и прицврстете ги со завртките.

Внимателно спуштете го печатачот врз касетната единица за хартија, порамнете ги аглите и прицврстете ги со завртките.

По склопувањето, ќе ви останат неколку завртки.
На задната страна, прицврстете ги касетната единица за хартија и печатачот со завртките и додатоците.

Ставете етикета со големина на хартијата што ќе се става во касетата.

Вметнете ги фиоката за единицата со црно мастило и касетата за хартија.
Залепете ја налепницата што го покажува бројот на касетата.

Вметнете ја излезната фиока.

Поврзете ги кабелот за напојување и сите други кабли, а потоа приклучете го печатачот.
Вклучете го печатачот со притискање на копчето
.
Притиснете го копчето
и проверете дали на екранот П. за х. се прикажува касетната единица за хартија што ја инсталиравте.
При демонтажа на касетната единица за хартија, исклучете го печатачот, извадете ги кабелот за напојување и сите други кабли и извршете обратна постапка на монтажата.
Продолжете со поставките за двигателот за печатачот.