Поврзување со етернет

Поврзете го печатачот со мрежата користејќи го етернет-кабелот и проверете ја врската.

  1. Поврзете ги печатачот и хабот (LAN-преклопникот) преку етернет-кабел.

  2. Изберете Поставки на почетниот екран.

  3. Изберете Општи поставки > Поставки за мрежа > Проверка на конекција.

    Се прикажува резултатот од дијагностиката на врската. Проверете дали врската е правилно воспоставена.

  4. Допрете Во ред за да завршите.

    Ако допрете Извештај за пров. на печатење, може да го отпечатите резултатот од дијагностиката. Следете ги инструкциите на екранот за да го отпечатите.