Решенија
Затворете ги сите непотребни апликации на компјутерот или на паметниот уред.
Решенија
Овозможете ја поставката за двонасочно печатење или печатење со голема брзина. Кога е овозможена оваа поставка, главата за печатење печати додека се движи во двете насоки, а брзината на печатењето се зголемува.
Контролна табла
Изберете Поставки > Општи поставки > Поставки за печатач, а потоа овозможете Двонасочно.
Windows
Изберете Двонасочно печатење во картичката Повеќе опции на двигателот за печатачот.
Mac OS
Изберете Системски претпочитани вредности од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс), а потоа изберете го печатачот. Кликнете Опции и производи > Опции (или Двигател). Изберете On како поставка за Двонасочно печатење.
Решенија
Оневозможете Тивок режим. Брзината на печатење се намалува кога печатачот работи во Тивок режим.
Контролна табла
Изберете
на почетниот екран, а потоа изберете Иск..
Windows
Изберете Исклучено како поставка за Тивок режим во картичката Повеќе опции на двигателот за печатачот.
Mac OS
Изберете Системски претпочитани вредности од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс), а потоа изберете го печатачот. Кликнете Опции и производи > Опции (или Двигател). Изберете Off како поставка за Тивок режим.
Решенија
При двострано печатење, прво се печати и се суши едната страна од хартијата, а потоа се печати другата страна. Од причина што времето за сушење се разликува во зависност од околностите, како на пример температура или влажност или податоци за печатење, брзината на печатење може да се намали.