Поставки за штедење енергија при неактивност

Може да го поставите времето за менување кон режимот за штедење енергија или за исклучување на напојувањето кога одреден период не се ракува со контролната табла на печатачот. Поставете го времето во зависност од околностите за користењето.

  1. Пристапете до Web Config и изберете ја картичката Device Management > Power Saving.

  2. Поставете ги следниве ставки, според потребите.

    • Sleep Timer
      Одредете го времето за префрлување во режимот на заштеда на струја при неактивност.
    Белешка:

    Поставувањето може да го извршите и од контролната табла на печатачот.

    Поставки > Општи поставки > Осн поставки > Тајмер за спиење

    • Power Off Timer или Power Off If Inactive
      Изберете го времето за автоматско исклучување на печатачот откако ќе биде неактивен одредено време. Кога ги користите функциите за факс, изберете None или Off.
    Белешка:

    Поставувањето може да го извршите и од контролната табла на печатачот.

    Поставки > Општи поставки > Осн поставки > Мерач на времето за исклучување или Поставки за искл.

    • Power Off If Disconnected
      Изберете ја оваа поставка за печатачот да се исклучи по одреден временски период откако ќе се прекинат врските со сите порти, вклучително и со LINE портата. Оваа функција може да не биде достапна во зависност од регионот.
      Погледнете ја следнава веб-страница за одредениот временски период.
    Белешка:

    Поставувањето може да го извршите и од контролната табла на печатачот.

    Поставки > Општи поставки > Осн поставки > Поставки за искл. > Искл. напој. ако е исклуч. од приклучок

  3. Кликнете OK.