Примање факсови со опцијата „факс на барање“ (Примање на повик)

Можете да примите факс зачуван на друга факс-машина бирајќи го бројот за факс. Користете ја оваа функција за да примите документ од информативна услуга преку факс.

Белешка:
  • Ако информативната услуга за факс има функција за звучни инструкции што треба да се следат за да примите документ, не ќе можете да ја користите функцијава.

  • За да примите документ преку информативна услуга преку факс што користи звучно наведување, само свртете го бројот за факс користејќи ја функцијата Подиг.слуш. или поврзаниот телефон и ракувајте со телефонот и печатачот следејќи го звучното наведување.

  1. Изберете Факс од почетниот екран.

  2. Допрете на (Повеќе).

  3. Изберете Продолжен факс.

  4. Допрете на квадратчето Примање на повик за да го поставите на Вкл..

  5. Допрете на Затвори и повторно допрете на Затвори.

  6. Внесете го бројот на факсот.

    Белешка:

    Ако не можете рачно да внесете број на факс, Забрани за дир. бирање во Поставки за безбедност е поставено на Вкл.. Изберете примачи на факс од списокот со контакти или од историјата на испратени факсови.

  7. Допрете .