Проверка на статусот на мрежа со IEEE 802.1X

Може да го проверите статусот на мрежата со IEEE 802.1X така што ќе отпечатите лист за статус на мрежата.

ID за статус

Статус на IEEE 802.1X

Disable

Функцијата IEEE 802.1X е оневозможена.

EAP Success

Автентикацијата со IEEE 802.1X успеа и мрежната врска е достапна.

Authenticating

Автентикацијата со IEEE 802.1X не е завршена.

Config Error

Автентикацијата не успеа бидејќи не е поставен ID на корисник.

Client Certificate Error

Автентикацијата не успеа бидејќи сертификатот на клиентот е застарен.

Timeout Error

Автентикацијата не успеа бидејќи нема одговор од серверот и/или автентикаторот RADIUS.

User ID Error

Автентикацијата не успеа бидејќи ID на корисник на печатачот и/или протоколот на сертификатот е неточен.

Server ID Error

Автентикацијата не успеа бидејќи ID на серверот од сертификатот на серверот и ID на серверот не се совпаѓаат.

Server Certificate Error

Автентикацијата не успеа поради следниве грешки во сертификатот на серверот.

  • Сертификатот на серверот е застарен.

  • Синџирот на сертификатот на серверот е неточен.

CA Certificate Error

Автентикацијата не успеа поради следниве грешки во сертификат од CA.

  • Наведениот сертификат од CA е неточен.

  • Не е увезен точниот сертификат од CA.

  • Сертификатот од CA е застарен.

EAP Failure

Автентикацијата не успеа поради следниве грешки во поставките за печатачот.

  • Ако EAP Type е EAP-TLS или PEAP-TLS, сертификатот на клиентот е неточен или има одредени проблеми.

  • Ако EAP Type е EAP-TTLS или PEAP/MSCHAPv2, ID на корисникот или лозинката се погрешни.