Резиме на функциите

Ако вашата организација има администратор на печатачот, контактирајте со администраторот за да го проверите статусот на поставките за печатачот.

Зачувување примени факсови во печатачот

Примените факсови може да се зачувуваат во печатачот и може да ги прегледувате на екранот на печатачот. Може да ги печатите само факсовите што сакате да ги печатите или да ги избришете непотребните факсови.

Зачувување и/или проследување примени факсови до други дестинации освен печатачот

Може да ги поставите следниве дестинации.

  • Компјутер (прием PC-FAX)

  • Надворешен мемориски уред

  • Адреса на е-пошта

  • Споделена папка на мрежа

  • Друг факс-уред

Белешка:
  • Податоците од факс се зачувуваат во PDF или TIFF-формат.

  • Документите во боја не може да се проследуваат до друг факс-уред. Тие се обработуваат како документи што не успеале да се проследат.

Сортирање примени факсови според подадреса и лозинка

Може да ги сортирате и да ги зачувувате примените факсови во приемното сандаче или во сандачето за билтени. Може да проследувате примени факсови и до други дестинации освен печатачот.

  • Адреса на е-пошта

  • Споделена папка на мрежа

  • Друг факс-уред

Белешка:
  • Податоците од факс се зачувуваат во PDF или TIFF-формат.

  • Документите во боја не може да се проследуваат до друг факс-уред. Тие се обработуваат како документи што не успеале да се проследат.

  • Може да ги отпечатите условите за зачувување/проследување поставени во печатачот. Изберете Факс на почетниот екран, а потоа изберете (Повеќе) > Извештај за факс > Листа на Усл. Зачув./Препрати.