Може безжично да печатите документи, е-пораки, фотографии и веб-страници директно од вашиот телефон со Android или таблет (Android v4.4 или понова верзија). Со неколку допири, вашиот уред со Android ќе открие печатач Epson што е поврзан на истата безжична мрежа.
Операциите може да се разликуваат зависно од уредот.
Поврзете ги печатачот и паметниот уред користејќи Wi-Fi Direct.
На уредот со Android, инсталирајте го приклучокот Epson Print Enabler од Google Play.
Одете на Поставки на вашиот уред со Android, изберете Печатење, а потоа овозможете го Epson Print Enabler.
Од апликација за Android, како на пример Chrome, допрете на иконата за менито и отпечатете го она што го гледате на екранот.
Ако не го гледате печатачот, допрете Сите печатачи и изберете го печатачот.