> Водич за контролната табла > Конфигурација на екранот со мени

Конфигурација на екранот со мени

Ве враќа на претходниот екран.

Го менува списокот со поставки користејќи ги картичките. Во картичката Осн поставки се прикажуваат често користените ставки. Во картичката Напредно се прикажуваат други ставки коишто може да ги поставите според потребите.

Го прикажува списокот со поставки. Кога е прикажано , може да видите дополнителни информации ако ја изберете иконата. Одредувајте поставки избирајќи ставка или додавајќи знак за штиклирање. Кога сте измениле ставка од стандардните поставки на корисникот или од фабричките поставки, на ставката се прикажува .

Избледените ставки не се достапни. Изберете ја ставката за да проверите зошто е недостапна.

Ако настанат проблеми, на ставката се прикажува . Изберете ја иконата за да дознаете како да го решите проблемот.

Започнува операции користејќи ги тековните поставки. Ставките се разликуваат во зависност од менито.

Поч. пос.

Го прикажува списокот со однапред поставени поставки. Тековната поставка може да ја регистрирате како однапред поставена или да ги вчитате регистрираните однапред поставени поставки.

Копии

Прикажува нумеричка тастатура на екранот и ви овозможува да го одредите бројот на копии.

Преглед

Прикажува преглед на сликата пред печатење, копирање, скенирање или испраќање факсови.

Започнува со печатење, копирање, скенирање или испраќање факсови.