Може да испраќате факсови одредувајќи линија и внесувајќи ги броевите на факс од контролната табла на печатачот.
Основниот начин на испраќање факсови е ист како и за стандардните факсови.
Ставете ги оригиналите.
Изберете Факс на почетниот екран на контролната табла на печатачот.
Во картичката Примач, изберете ги примачите до коишто сакате да го испратите факсот.
За рачно да ги внесете броевите на факс, изберете Тастату., а потоа изберете Изб. лин.. Изберете Испраќање и примање или Само испраќање во Поставка за пренос по линија. Не може да испраќате факсови ако изберете линија што е поставена само да прима факсови. Имајте предвид дека Изб. лин. е стандардно поставена на G3-Автомат.. Потоа, внесете ги броевите користејќи ја нумеричката тастатура на LCD-екранот, па допрете Во ред за да завршите.
Кога е вклучено Забрани за дир. бирање во Поставки за безбедност, можете само да изберете примачи на факс од листата на контакти или од историјата на испратени факсови. Не можете рачно да внесете број на факс.
По потреба, изберете ја картичката Поставки на факс и одредете ги поставките, на пр. резолуцијата и методот на испраќање.
Допрете
за да започне испраќањето на факсот.