Поставување на контролната табла

Поставување на контролната табла на печатачот. Може да извршите поставување на следниов начин.

  1. Одете на Web Config и изберете ја картичката Device Management > Control Panel.

  2. Поставете ги следниве ставки според потребите.

    • Language
      Изберете го прикажаниот јазик на контролната табла.
    • Panel Lock
      Ако изберете ON, не може да избирате ставки за коишто е потребно администраторско овластување. За да ги изберете, најавете се на печатачот како администратор. Ако не е поставена администраторска лозинка, заклучувањето на таблата е оневозможено.
    • Operation Timeout
      Ако изберете ON, кога ќе се најавите како корисник со контрола на пристапот или како администратор, ако одредено време нема активност, автоматски ќе се одјавите и ќе се прикаже почетниот екран.
      Времето може да го одредите точно до секунда (од 10 секунди до 240 минути).
    Белешка:

    Поставувањето може да го извршите и од контролната табла на печатачот.

    • Language: Поставки > Општи поставки > Осн поставки > Јазик/Language

    • Panel Lock: Поставки > Општи поставки > Администрир. на систем > Поставки за безбедност > Администраторски поставки > Поставка за заклучување

    • Operation Timeout: Поставки > Општи поставки > Осн поставки > Изминато време на операцијата (Може да изберете Вклучено или Исклучено.)

  3. Кликнете OK.