Услов. Зачувај/Препрати:

На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени.

Поставки > Општи поставки > Поставки на факс > Поставки за прием > Поставки Зачув./Препрати > Услов. Зачувај/Препрати

Белешка:

На екранот Web Config, може да го најдете долунаведеното мени.

Fax картичка > Save/Forward Settings > Conditional Save/Forward

Може да поставите дестинации за зачувување во и/или проследување до Сандаче, доверливи сандачиња, надворешен мемориски уред, адреси на е-пошта, споделени папки и друг факс-уред.

За да менувате помеѓу овозможување и оневозможување на условите, допрете каде било на одредената ставка, освен на .

Име:

Внесете го името на условот.

Услов(и):

Изберете ги условите и одредете ги поставките.

Совп. на бр. на факс на испр.

Кога бројот на факс на испраќачот се совпаѓа, примениот факс се зачувува и се препраќа.

Совп. на (SUB)

Кога подадресата (SUB) потполно се совпаѓа, примениот факс се зачувува и се препраќа.

С на Лозинка(SID)

Кога лозинката (SID) потполно се совпаѓа, примениот факс се зачувува и се препраќа.

Вре. на примање

Зачувува и препраќа факс примен во текот на одредениот временски период.

Дест. Зачувај/Препрати:

Ја избира дестинацијата за зачувување и проследување на примените документи коишто одговараат на условите. Функциите наведени подолу може да ги користите истовремено.

Зачувај во Факс:

Ги зачувува примените факсови во Сандаче на печатачот или во доверливото сандаче.

Може да зачувате најмногу 200 документи. Имајте предвид дека зачувување 200 документи може да биде невозможно во зависност од условите на употреба, како што е големината на датотеките на зачуваните документи и истовременото користење на повеќе функции за зачувување факс.

Зачувај на мемо. уред:

Ги зачувува примените факсови како PDF или TIFF-датотеки во надворешен мемориски уред поврзан со печатачот.

Примените документи привремено се зачувуваат во меморијата на печатачот пред документите да се зачуваат во меморискиот уред поврзан со печатачот. Бидејќи грешката за полна меморија го оневозможува испраќањето и примањето на факсовите, чувајте го меморискиот уред поврзан со печатачот.

Препрати:

Ги проследува примените факсови до друг факс-уред или ги проследува како PDF или TIFF-датотеки до споделена папка на мрежа или до адреса на е-пошта. Проследените факсови се бришат од печатачот. Прво додајте ја дестинацијата за проследување во списокот со контакти. За да проследите до адреса на е-пошта, треба да ги конфигурирате и поставките за серверот за е-пошта.

  • Дестинација: може да изберете дестинација за проследување од списокот со контакти што сте го додале претходно.

    Ако сте избрале споделена папка на мрежа или адреса на е-пошта како дестинација за проследување, препорачуваме да проверите дали може да испратите скенирана слика до дестинацијата во режим на скенирање. Изберете Скенирај > Е-пошта или Скенирај > Мрежна папка/ФТП од почетниот екран, изберете ја дестинацијата, а потоа започнете со скенирање.

  • Опц. при неу. пре.: може да изберете дали да го отпечатите неиспратениот факс или да го зачувате во Сандаче.

Печати:

Ги печати примените факсови.

Зачувај и препрати формат на датотека:

Може да го поставите форматот на датотеката кога зачувувате или проследувате примени факсови.

PDF Поставки:

Поставките се овозможуваат ако изберете PDF во Зачувај и препрати формат на датотека.

Лозинка за отвора. документ:
Поставување лозинка:

Овозможува поставување лозинка за отворање на документот.

Лозинка:

Поставете лозинка за отворање на документот.

Лозинка за дозволи:
Поставување лозинка

Овозможува да поставите лозинка за печатење или изменување PDF-датотека.

Лозинка

Поставете лозинка за дозвола во Лозинка.

Печатење: Овозможува печатење на PDF-датотеката.

Уредување: Овозможува изменување на PDF-датотеката.

Извест. по е-пошта:

Испраќа известување преку е-пошта кога ќе заврши процесот што ќе го изберете подолу. Функциите наведени подолу може да ги користите истовремено.

Примач

Поставете ја дестинацијата на известувањето за завршување на процесот.

Извести за завршено примање

Испраќа известување кога ќе заврши приемот на факс.

Изв. за завр. печ.

Испраќа известување кога ќе заврши печатењето факс.

Извести за заврш. на зачувување на мемо. уред

Испраќа известување кога ќе заврши зачувувањето факс во мемориски уред.

Изв. за завр. пре.

Испраќа известување кога ќе заврши проследувањето факс.

Извештај за трансимисија:

Автоматски печати извештај за пренос откако ќе зачувате или препратите примен факс.

Ако изберете Грешка при печатење, се отпечатува извештај само кога зачувувате или препраќате примен факс и кога се јавува грешка.