Двигателот за печатач PostScript му овозможува на печатачот да прима и да толкува инструкции за печатење на јазикот за опис на страницата испратени од компјутерот и правилно да печати. Ова е погодно за печатење од апликации сообразни со PostScript коишто се користат за DTP.
За да одредувате поставки што важат само за апликацијата што ја користите, пристапете од таа апликација.
Изберете Печатење или Поставување печатење од менито Датотека. Изберете го својот печатач, па кликнете Претпочитани вредности или Својства.
Операциите се разликуваат, зависно од апликацијата. За повеќе информации, погледнете во помошта на апликацијата.
За да направите поставувања што ќе важат за сите апликации, пристапете преку контролната површина.
Windows 10/Windows Server 2019/Windows Server 2016
Кликнете го копчето Старт, а потоа изберете Систем на Windows > Контролна табла > Преглед на уреди и печатачи во Хардвер и звук. Кликнете со десното копче на печатачот или притиснете го и држете го, а потоа изберете Претпочитани вредности за печатење
Windows 8.1/Windows 8/Windows Server 2012 R2/Windows Server 2012
Изберете Работна површина > Поставки > Контролна табла > Преглед на уреди и печатачи во Хардвер и звук. Кликнете со десното копче на печатачот или притиснете го и држете го, а потоа изберете Претпочитани вредности за печатење
Windows 7/Windows Server 2008 R2
Кликнете го копчето Старт, па изберете Контролна табла > Преглед на уреди и печатачи во Хардвер и звук. Кликнете со десното копче на печатачот и изберете Претпочитани вредности за печатење.
Windows Vista/Windows Server 2008
Кликнете на копчето за стартување и изберете Контролна табла > Печатачи во Хардвер и звук. Кликнете со десното копче на печатачот и изберете Претпочитани вредности за печатење.
Windows XP/Windows Server 2003 R2/Windows Server 2003
Кликнете на копчето за стартување и изберете Контролна табла > Печатачи и друг хардвер > Печатачи и факсови. Кликнете со десното копче на печатачот и изберете Претпочитани вредности за печатење.
Иконата за печатачот на лентата со задачи на работната површина е икона на кратенка што овозможува брз пристап до двигателот за печатачот.
Ако ја кликнете иконата за печатачот и изберете Поставки на печатачот, може да пристапите до истиот прозорец со поставки за печатачот како оној што се прикажува од контролата табла. Ако кликнете двапати на оваа икона, може да ја проверите состојбата на печатачот.