Извршување Интензивно чистење (Windows)

  1. Отворете го прозорецот на двигателот за печатачот.

  2. Кликнете Чистење на главата во картичката Одржување.

  3. Изберете Интензивно чистење.

  4. Следете ги инструкциите на екранот.

    Важно:

    Ако квалитетот на печатењето не се подобрува откако ќе извршите Интензивно чистење, почекајте барем 12 часа без печатење, а потоа повторно отпечатете го шаблонот за проверка на прскалките. Во зависност од отпечатениот шаблон, повторно извршете Чистење или Интензивно чистење. Ако квалитетот сè уште не се подобрува, контактирајте со службата за поддршка на Epson.