Може автоматски да ја поставите Wi-Fi-мрежата со притискање на копчето на безжичниот пренасочувач. Ако следниве услови се исполнети, може да ја поставите со користење на овој метод.
Безжичниот пренасочувач е компатибилен со WPS (Wi-Fi Protected Setup).
Тековната Wi-Fi-врска е воспоставена со притискање копче на безжичниот пренасочувач.
Ако не може да го најдете копчето или ако го вршите поставувањето со софтвер, погледнете ја документацијата испорачана со безжичниот пренасочувач.
Држете го притиснато копчето [WPS] на безжичниот пренасочувач додека да затрепка безбедносното светло.

Ако не знаете каде се наоѓа копчето [WPS] или нема копчиња на безжичниот пренасочувач, за повеќе информации погледнете во документацијата испорачана со безжичниот пренасочувач.
Задржете го копчето
на печатачот најмалку пет секунди, додека светлото
и светлото
да затрепкаат наизменично.
Поставувањето на конекција ќе започне. Кога ќе воспоставите конекција, се вклучува светлото
.

Печатачот има статус на грешка при поврзувањето кога светлото
и светлото
светат истовремено. Откако ќе ја отстраните грешката на печатачот со притискање на копчето
на печатачот, рестартирајте го безжичниот пренасочувач, поставете го во близина на печатачот и обидете се повторно. Ако проблемот не се решава, отпечатете извештај за мрежната врска и проверете го решението.
