> Решавање проблеми > Време е да ги замените касетите со мастило > Заменување на касетите со мастило (кога светлото за мастило е исклучено)

Заменување на касетите со мастило (кога светлото за мастило е исклучено)

Може да ја гледате постапката и во Веб прирачници за филмови. Пристапете до следнава веб-страница.

https://support.epson.net/publist/vlink.php?code=NPD6469

Внимание:

Внимавајте да не ви се заглават дланките или прстите кога го отворате или затворате скенерот. Во спротивно, може да се повредите.

Белешка:

Ако ги замените касетите со мастило додека копирате, оригиналите може да се поместат. Притиснете го копчето за да откажете и да ги замените оригиналите.

  1. Отворете го скенерот со затворен капак за документи.

  2. Задржете го копчето 10 секунди.

    Држачот на касетите со мастило се поместува до позицијата за замена.

    Белешка:

    За да ја откажете замената на касети со мастило, оставете ги внатре и исклучете го печатачот.

  3. Кога ја заменувате касетата со црно мастило, нежно протресете ја новата касета со црно мастило четири или пет пати и извадете ја од пакувањето. Кога заменувате касети со други бои, извадете ги новите касети со бои од нивните пакувања без протресување.

    Важно:

    Не протресувајте ги касетите откако ќе го отворите пакувањето затоа што може да протечат.

  4. Отстранете ја само жолтата трака.

    Важно:

    Не допирајте ги деловите прикажани на илустрацијата. Тоа може да влијае врз нормалното работење и печатење.

  5. Притиснете го јазичето на касетата со мастило и повлечете ја нагоре. Ако не може да ја отстраните касетата за мастило, цврсто повлечете

  6. Внесете ја новата касета со мастило и притиснете ја цврсто надолу.

  7. Затворете го скенерот.

  8. Притиснете го копчето .

    Започнува полнењето со мастило.

    Важно:

    Откако ќе ја инсталирате касетата со мастило, светлото за напојување и за мастило продолжува да трепка додека печатачот полни мастило. Не исклучувајте го печатачот за време на полнењето со мастило. Полнењето трае околу две минути. Ако полнењето со мастило не е завршено, можеби нема да може да печатите.

    Белешка:

    Ако светлото не се исклучува, извадете ја и повторно вметнете ја касетата со мастило.