Отворете го штитникот, извлечете го држачот за хартија, па навалете го наназад.

Лизнете го граничникот налево.

Ставете хартија вертикално долж десната страна на механизмот за задно внесување на хартија со страната за печатење свртена нагоре.

Не ставајте повеќе од максимално назначениот број листови хартија. За обична хартија, не ставајте хартија над линијата покажана со триаголникот на граничникот.
Лизнете го граничникот до работ на хартијата, а потоа затворете го штитникот на додавачот.

Извлечете ја излезната фиока.

Вратете ја преостанатата хартија во пакувањето. Ако ја оставите во печатачот, хартијата може да се извитка или може да се намали квалитетот на печатењето.