> Во вакви ситуации > Одделно инсталирање на апликациите > Проверување дали е инсталиран оригинален двигател за печатач Epson — Windows

Проверување дали е инсталиран оригинален двигател за печатач Epson — Windows

Може да проверите дали е инсталиран оригинален двигател за печатач Epson на вашиот компјутер со користење на еден од следниве методи.

Изберете Контролна табла > Преглед на уреди и печатачи (Печатачи, Печатачи и факсови) и направете го следново за да го отворите прозорецот со својства на серверот за печатење.

  • Windows 11/Windows 10/Windows 8.1/Windows 8/Windows 7

    Кликнете на иконата за печатач, па кликнете на Својства на серверот за печатење во горниот дел од прозорецот.

  • Windows Vista

    Кликнете со десното копче на папката Печатачи и кликнете на Изврши како администратор > Својства на серверот.

  • Windows XP

    Од менито Датотека, изберете Својства на серверот.

Кликнете на картичката Двигатели. Ако името на печатачот е прикажано во списокот, тоа значи дека на компјутерот е инсталиран оригинален двигател за печатач Epson.