> Водич за контролната табла > Проверка на светлата и статусот на печатачот

Проверка на светлата и статусот на печатачот

Светлата на контролната табла го покажуваат статусот на печатачот.

Нормален статус

: Вклучено

Светло

Статус

Печатачот е поврзан со безжична (Wi-Fi) мрежа.

Печатачот е поврзан со мрежа во Wi-Fi Direct (едноставна AP) режим.

Статус на грешка

Кога ќе се јави грешка, светлото се вклучува или трепка. Детали за грешката се прикажани на екранот на компјутерот.

/: вклучено

/: трепка

Светло

Статус

Решенија

Се појави грешка на Wi-Fi-врската.

Притиснете го копчето за да ја поништите грешката и обидете се повторно.

Касетета за мастило е потрошена или нема доволно мастило во касетата за да се полни со мастило.

За да добиете печатење со врвен квалитет и за да ја заштитите главата за печатење, во касетата ќе остане одредено количество мастило како резерва кога печатачот ќе укаже дека е време да се замени касетата со мастило. Заменете со нова касета за мастило.

Не е инсталирана касета за мастило.

Инсталирајте ја касетата за мастило.

Касетата за мастило не е препознаена.

Цврсто поставете ја касетата со мастило надолу.

Инсталирана е несоодветна касета за мастило.

Инсталирајте касета за мастило којашто е соодветна за печатачот.

Не можете да ги користите касетите доставени со печатачот како касети за замена.

Не може да се изврши интензивно чистење бидејќи касетата за мастило е речиси потрошена.

Притиснете го копчето за да ја отстраните грешката. За да извршите интензивно чистење, заменете со нова касета за мастило.

Касетата за мастило е речиси потрошена.

Може да печатите додека светлото не се вклучи.

Подгответе нова касета за мастило. Можете да ги проверите нивоата на мастилото од компјутерот.

Не е ставена хартија или во исто време е внесен повеќе од еден лист.

Внесете хартија и притиснете го копчето или .

Бавно трепкање (во интервали од 1,25 секунди)

Хартијата е заглавена.

Извадете ја хартијата и притиснете го копчето или .

Брзо трепкање (во интервали од 0,5 секунди)

Хартијата останува во печатачот.

Ставете хартија со големина A4 во механизмот за задно внесување на хартија, а потоа притиснете го копчето или за да ја извадите хартијата од внатрешноста. Ставете хартија во ориентација портрет.

  • Печатачот не е правилно исклучен.*

  • Од причина што печатачот е исклучен за време на функционирање, можно е прскалките да се исушени и затнати.

* Напојувањето е исклучено со струен приклучок или прекинувач, приклучницата е извлечена од приклучокот или настанала грешка со напојувањето.

  • Откако ќе ја отстраните грешката со притискање на копчето или копчето , ви препорачуваме да извршите проверка на прскалките. Откажете ги тековните задачи за печатење.

  • За да го исклучите печатачот, притиснете го копчето .

Истовремено трепкање

Перничето за мастило се приближува до крајот на работниот век.

Перничето за мастило треба да се замени.

Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило.*1 Не е дел што корисникот може да го сервисира.

Кога ќе се прикаже порака дека може да се продолжи со печатењето на компјутерот, притиснете го копчето или за да продолжите со печатењето. Светлата престануваат да трепкаат привремено, но ќе продолжат да трепкаат во редовни интервали додека не се замени перничето за мастило.

Истовремено трепкање

Не може да се изврши интензивно чистење бидејќи перничето за мастило се приближува до крајот на својот работен век.

Притиснете го копчето или за да ја отстраните грешката. За да извршите интензивно чистење, треба да го замените перничето за мастило. Контактирајте со службата за техничка поддршка на Epson.

Наизменично трепкање

Перничето за мастило за печатење без рамки се приближува до или е на крајот на работниот век.

Перничето за мастило за печатење без рамки треба да се замени.

Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило.*2 Не е дел што корисникот може да го сервисира.

Кога ќе се прикаже порака дека може да се продолжи со печатењето на компјутерот, притиснете го копчето или за да продолжите со печатењето. Светлата престануваат да трепкаат привремено, но ќе продолжат да трепкаат во редовни интервали додека не се замени перничето за мастило.

Не е достапно печатење без рамки, но достапно е печатење со рамки.

Печатачот стартуваше во режим за поправање затоа што ажурирањето на фирмверот не успеа.

Следете ги чекорите подолу за повторно да се обидете да го ажурирате фирмверот.

1. Поврзете ги компјутерот и печатачот со USB-кабел. (Во режимот за поправање, не може да го ажурирате фирмверот преку мрежна врска.)

2. За дополнителни инструкции, посетете ја веб-локацијата на локалното претставништво на Epson.

Се појави грешка на печатачот.

Отворете го скенерот и извадете ја хартијата или заштитниот материјал од внатрешноста на печатачот. Исклучете го, па вклучете го напојувањето.

Ако грешката продолжува да се јавува откако ќе го исклучите и вклучите напојувањето, контактирајте со службата за поддршка на Epson.

*1 Во некои циклуси од печатењето може да се собере многу мало количество вишок мастило во перничето за мастило. За да се спречи протекување мастило од перничето, печатачот е конструиран да го прекине печатењето кога перничето ќе ја достигне својата граница. Дали и колку често ова ќе треба да се направи зависи од бројот на отпечатени страници на печатачот, видот на материјалот за печатење и бројот на циклуси на чистење на печатачот. Потребата да се замени перничето не значи дека печатачот престанал да работи, согласно неговите спецификации. Печатачот ќе ве извести кога треба да се замени перничето, а тоа треба да го направи само овластена сервисна служба на Epson. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена.

*2 Во некои циклуси од печатењето може да се собере многу мало количество вишок мастило во перничето за мастило. За да се спречи протекување мастило од перничето, производот е направен да запре со печатењето кога перничето ќе ја достигне својата граница. Дали и колку често ќе биде потребно ова, ќе зависи од бројот на отпечатени страници со опцијата за печатење без рамки. Потребата да се замени перничето не значи дека печатачот престанал да работи, согласно неговите спецификации. Печатачот ќе ве извести кога треба да се замени перничето, а тоа треба да го направи само овластена сервисна служба на Epson. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена.