Опции на менито за Одржување

Изберете Одржување на контролната табла на печатачот.

Проверка на прскалката на главата за печатење:

Изберете ја оваа функција за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати. Печатачот печати образец за проверка на прскалки.

Чистење на главата за печатење:

Изберете ја оваа функција за да ги исчистите затнатите прскалки во главата за печатење.

Интензивно чистење:

Изберете ја оваа функција за да извршите интензивно чистење ако главата за печатење е целосно затната или сè уште е затната по повторувањето на стандардното чистење. Се троши повеќе мастило отколку при вообичаеното чистење.

Порамнување на главата за печатење:
Верт. порамн.:

Изберете ја оваа функција ако исписите изгледаат матно или текстот и линиите не се порамнети.

Хоризонтално порамнување:

Изберете ја оваа функција ако редовно се појавуваат хоризонтални ленти на исписите.

Замена на касета(и) за мастило:

Користете ја оваа функција за да ги замените касетите за мастило пред да го потрошите мастилото.

Преостанат капацитет на Кутијата за одрж.:

Го прикажува приближниот работен век на кутијата за одржување. Кога ќе се прикаже , кутијата за одржување е речиси полна. Кога ќе се прикаже , кутијата за одржување е полна.

Чис. на вод. за ха.:

Изберете ја оваа функција ако има дамки од мастило на внатрешните валјаци. Печатачот внесува хартија за да ги исчисти внатрешните валјаци.