Не заборавајте да ги регистрирате големината и типот на хартијата на екранот што се прикажува кога ќе ја ставите хартијата. Печатачот ве известува кога регистрираните информации и поставките за печатење се разликуваат. Со ова се спречува непотребно трошење на хартијата и мастилото бидејќи не печатите на хартија со несоодветна големина, но и не печатите со погрешна боја во случај да користите поставки што не се соодветни за типот на хартијата.

Ако прикажаните големина и тип на хартијата се разликуваат од оние на внесената хартија, изберете ја ставката што сакате да ја промените. Ако поставките се соодветни за внесената хартија, затворете го екранот.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Ако не сакате автоматски да се прикажува екранот со поставки за хартијата кога ставате хартија, изберете ги менијата на почетниот екран како што е опишано подолу.
Поставки > Поставки за печатач > Поставка за извор на хартија > Авто. приказ на Пост. на хартија > Иск.