> Ставање оригинали > Ставање оригинали

Ставање оригинали

Ставете ги оригиналите на стаклото на скенерот.

Следете ги чекорите подолу за да ги гледате анимациите за ставање оригинали.

Изберете , а потоа изберете Како да > Ставете оригинали. Изберете Заврши за да го затворите екранот со анимации.

Користење на стаклото на скенерот
Внимание:

Внимавајте капакот за документи да не ви ги фати прстите кога го затворате. Во спротивно, може да се повредите.

Важно:
  • Кога ставате крупни оригинали, како на пр. книги, погрижете се стаклото на скенерот да не биде изложено на директна надворешна светлина.

  • Не притискајте пресилно врз стаклото на скенерот или врз капакот за документи. Во спротивно, може да се оштетат.

Белешка:
  • Ако има остатоци или нечистотија на стаклото на скенерот, опсегот на скенирање може да се прошири и да ги опфати, па сликата од оригиналот може да се измести или да се намали. Пред да скенирате, отстранете ги остатоците и нечистотиите од стаклото на скенерот.

  • Ако ги оставите оригиналите на стаклото на скенерот долго време, може да се залепат за површината на стаклото.