Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.
Поставки > Осн поставки
Осн поставки
Тајмер за исклучување
Производот може да ја има оваа функција или функцијата Поставки за искл., во зависност од местото на продажба.
Изберете ја ова поставка за автоматски да го исклучите печатачот кога не го користите за одреден временски период. Можете да го прилагодите времето пред да се примени управувањето со енергија. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Размислувајте еколошки пред да извршите каква било промена.
Поставки за искл.
Производот може да ја има оваа функција или функцијата Тајмер за исклучување, во зависност од местото на продажба.
Искл. напојување ако е неактивно
Изберете ја ова поставка за автоматски да го исклучите печатачот ако не го користите за одреден временски период. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Имајте ја предвид животната средина пред да извршите каква било промена.
Искл. напој. ако е искл. од приклучок
Изберете ја оваа поставка за печатачот да се исклучи по одреден временски период откако ќе се прекинат врските со сите порти, вклучително и со USB портата. Оваа функција може да не биде достапна во зависност од регионот.
Погледнете ја следнава веб-страница за одредениот временски период.
Приспособете го временскиот период за да влезете во режимот за спиење (режим за зачувување на енергија) кога печатачот не извршува никакви задачи. LCD екранот ќе потемни кога ќе измине одреденото време.
Јазик/Language
Изберете јазик употребен на LCD екранот.
Бриши ги пост.
Ги ресетира Осн поставки на нивните стандардни вредности.