Изберете го изворот на хартија што сакате да го користите. Изберете
за да ги изберете големината и типот на хартијата.
Borderless:
Печати без маргини околу рабовите. Податоците за печатење се зголемуваат малку повеќе од големината на хартијата така што не се печатат маргини долж рабовите на хартијата.
With Border:
Печати со бели маргини околу рабовите.
Со печатењето без рамка сликата се зголемува малку за да се отстранат рамките од рабовите на хартијата. Изберете колку да се зголеми сликата.
Ако соодносот ширина/висина на податоците за сликата и на големината на хартијата се разликува, сликата автоматски се зголемува или намалува така што кратките страни на сликата се совпаѓаат со кратките страни на хартијата. Долгата страна на сликата е исечена ако продолжува надвор од долгата страна на хартијата. Оваа функција може да не функционира за фотографиите во панорама.
Изберете го квалитетот на печатење. Ако изберете High се добива печатење со повисок квалитет, но брзината на печатење може да се намали. Ако сакате да печатите на обична хартија користејќи многу повисок квалитет, изберете Best. Имајте предвид дека брзината на печатење може значително да се намали.
Изберете го форматот што се користи за печатење на датумот на фотографиите за фотографии што го вклучуваат датумот кога биле направени фотографиите или датумот кога биле зачувани. Датумот не се печати за некои распореди.
Off:
Печати без никакви информации.
Camera Settings:
Печати со некои Exif информации, како на пример брзина на отворачи, f-сооднос или ISO чувствителност. Незачуваните инфорамции не се печатат.
Camera Text:
Печати текст на дигиталната камера. За информации за поставките за текст, видете во документацијата испорачана со камерата. Информациите може да бидат отпечатени со печатење за рамки на 10×15 см, 13×18 см или големина на ширина од 16:9.
Landmark:
Печати име на местото или обележјето каде што е снимена фотографијата за дигитални камери коишто ја имаат функцијата за обележје. Видете ја интернет страницата на производителот на камерата за повеќе информации. Информациите може да бидат отпечатени со печатење за рамки на 10×15 см, 13×18 см или големина на ширина од 16:9.
Ги ресетира поставките за хартија и печатење на нивните стандардни вредности.
За CD/DVD печатење. Одредете ја густината за печатење на диск.
За печатење на боенка. Изберете го нивото на густина за рамките на листот за боење.
За печатење на боенка. Изберете ја чувствителноста користена на детектираните рамки на фотографијата.